Од далеку изгледа како рајски остров, но кој ќе му се доближи не останува жив.
Островот Северен Сентинел се наоѓа во Бенгалскиот залив , недалеку од бреговите на Индија и Тајланд, а неговото тиркизно море и песочните плажи повикуваат да уживате. Сепак, овој мистериозен остров е забранет за туристите од многу бизарна причина.
Имено, овој остров не може да се истражува бидејќи е дом на едно од најопасните племиња во светот , чии членови се подготвени да убијат секој што ќе му пријде, пишува „Индекс.хр“.
Изолираното племе, кое брои околу 500 домородци, е едно од најстарите племиња , кое датира од каменото доба и го населува островот околу 60.000 години. Нејзините членови се подготвени да убијат секој кој ќе дојде на нивна територија, поради што е забрането да се приближува на овој остров, а поставена е и таканаречена зона на исклучување која се протега во радиус од 9,3 километри од островот.
Сепак, некои авантуристи дозволија нивната љубопитност да ги надвладее, а неколку со текот на годините преминаа во зоната на исклучување – со фатални последици.
Во 2006 година, неколку рибари премногу се доближиле до островот и наводно биле фатени и заклани, а племенските членови ги нападнале и хуманитарците кои сакале да им помогнат по цунамито во 2004 година. Тогаш хеликоптерот, кој доставуваше храна и пакети за прва помош на островот, беше застрелан со копја и стрели.
Судбоносна посета на островот
Последната личност што илегално се упати на островот беше дваесет и шестгодишниот американски евангелист Џон Ален Чоу, кој беше испратен на островот во 2018 година од мисионери од Мисури со план да живее со племето и да им го проповеда христијанството.
Џон му платил на локален рибар да го однесе на островот , а рибарот го оставил на околу 700 метри од брегот. Според описот на рибарот, племенските луѓе го застрелале Џон Ален Чоу до смрт со стрели и го закопале неговото тело на брегот на островот. И покрај напорите на индиските власти, телото на Џон никогаш не беше пронајдено, а седум лица беа уапсени, меѓу кои и рибарот кој му помогна да пристапи до островот.
Патем, племето наводно сè уште не открило оган , а секој што ќе им пријде го напаѓале со рачно изработено метално оружје. Меѓутоа, во меѓувреме е воспоставен пријателски контакт со племето, кое сè уште сака да биде изолирано, а индиските власти ја прифатија нивната желба и секој обид за приближување до островот или обид за воспоставување контакт со домородците се третира како кривично дело .











