Босна и Херцеговина го зазеде првото место на листата на земји со најголемо намалување на бројот на жители во светот, покажуваат податоците на извештајот на ОН за 2022 година „World Population Outlook“.

Босна е земја е на врвот на листата, со губење на повеќе од 1,5 отсто од населението годишно. Србија е седма, додека Хрватска е на осмото место.

На социјалните мрежи се појави видео од Босанец кој објави како изгледа да се раздели од семејството.

„Срцето се крши, но мора да се врати назад“ , рече тој на TikTok, каде објави видео од збогувањето со своите најблиски кои не можеа да ја сокријат својата тага.

Advertisement

„Убаво патување и наскоро повторно ќе дојдете кај вашите најблиски“, „За жал, многу тажно, пет години го гледав сопругот со солзи во очите.

Фала богу, се врати пред неколку дена – трајно“, “Знам точно како им е на овие луѓе, пред неколку дена се откачив со родителите и брат ми. Додека гледам, почнувам да плачам”… ова се само дел од коментарите.

>

Advertisement