Кај нашиот народ е познато дека медот не се фаќа со метал, но сите ние купуваме дрвени лажици специјално за таа намена.
Пчеларите решија голема заблуда: Еве дали можеме да јадеме мед со метална лажица, одговорот ќе ве ШОКИРА!




Корисните ефекти на медот врз телото веќе им се познати на многумина.




Колку пати сте слушнале дека медот не е добар да се јаде или да се прелива во чаша млеко или чај со метална лажица, со образложение дека најпознатиот пчелен производ на тој начин ќе ги изгуби лековитите својства?




Објаснувањето зошто медот не треба да се вади од теглата со метална лажица е: доаѓа до хемиска реакција помеѓу медот и лажицата, па медот престанува да делува.




Искусните пчелари тврдат дека тоа не е точно.




Имено, медот има pH вредност од околу 3,9. Металниот прибор за јадење е направен така што не создава никаква хемиска реакција во контакт со храната.




Но, она што е уште поважно е следново: машините за вадење мед се направени од метал, кантите за чување мед се исто така метални, при аналитичка контрола медот се мери со метална лажица, а сондата за земање примероци од мед е, погодувате, метална.




Значи, слободно јадете мед со метална лажица, нема да му ги „убиете“ лековитите својства.











