Сакате нешто вкусно, домашно, меко и миризливо, а немате многу време за готвење? Оваа брза турска бурек-пита со сирење е вистинскиот избор.
Турската кујна е позната по своите пити и буреци, а овој рецепт е доказ дека за вкусно и заситувачко јадење не ви требаат многу состојки ниту долго време во кујна.
Питата освојува со крцкава кора и богат фил од сирење и млеко, а по желба можете да додадете и малку магдонос или спанаќ за уште поубав вкус. Подготовката е многу лесна бидејќи нема редење кори, па успева и на почетници.
Состојки:
Advertisement
- 1 шолја млеко
- 2 шолји ситно сирење или фета сирење
- 3 жолчки
- 3 кори за пита
- 4 лажици путер
- по желба: ситно сечкан магдонос или спанаќ
- по желба: сусам или други семки
Подготовка:
- Во сад изматете две жолчки, додадете го млекото и претходно растопениот путер. Мешајте додека не добиете мазна смеса, а потоа додадете го сирењето.
- Ако сакате побогат вкус, додадете ситно сечкан магдонос или спанаќ. Посолете по вкус, но внимавајте бидејќи сирењето може да биде доволно солено.
- Две кори за пита искинете ги на помали парчиња и додајте ги во филот. Нежно промешајте за корите убаво да ја впијат смесата.
- Смесата префрлете ја во плех обложен со хартија за печење или подмачкан со масло. Одозгора ставете уште една кора и премачкајте ја со една изматена жолчка за да добие убава златна боја при печењето.
- По желба наросете сусам и печете во загреана рерна на 200 степени додека питата не стане златно-кафеава и крцкава.
Advertisement











