Таква реакција не можела ниту да сонува.




Една жена тврди дека бременоста ја поминала тајно од семејството, не сакајќи да ја вознемири својата сестра. Така еден ден само им се јавила и ги известила дека се породила.




Пред да се разведе од сопругот, нејзината 36-годишна сестра Џени десет години неуспешно се обидувала да роди бебе, а и рекле дека шансите да роди дете се многу мали. Со текот на годините, нејзината сестра забележала дека Џени се менува, станува огорчена затоа што сите околу неа имале свои деца.




– Еден ден, кога бев на гости, суптилно се обидов да разговарам со мајка ми за идејата да имам бебе. Џени го слушна тоа и кажа дека мојата бременост ќе биде една од најлошите работи што можам да и ги направам како сестра. Потоа почна да плаче, а јас се извинив и си заминав. Мајка ми ми испрати порака дека згрешив што кажав такво нешто, знаејќи како е Џени, а јас само почнав да плачам. После тоа донесов одлука само да ја чувам бременоста во тајност, а тоа го правев девет месеци – напишала жената на „Редит“.




Меѓутоа, таа неодамна роди девојче и знаејќи дека повеќе не може да ја крие својата тајна, им испрати порака на родителите дека се баба и дедо. Отпрвин, нејзините родители претпоставуваа дека таа се шегува. Меѓутоа, кога на видео повик им покажала дека нејзината ќерка е навистина вистинска, тие „многу се налутиле“.




– Тие беа повредени затоа што не само што криев вакво нешто од нив, туку и родителите на мојот сопруг знаеја и беа многу вклучени. Изгубив нерви и им реков дека го заслужуваат тоа откако ми ја украдоа шансата да уживам во бременоста затоа што бев загрижена како Џени ќе реагира ако / кога дознае. Почнувам да се чувствувам виновна бидејќи знам дека моите родители се обидуваат да бидат со Џени која минува низ нешто што не може да го контролира – заклучила таа.




Другите корисници ја тешеле и се согласиле дека во тоа време постапила на најдобар можен начин.











