Полнетите пиперки се омиленото традиционално јадење на нашите простори.

Секоја мајка и баба имаат свој рецепт со кој секогаш излегуваат совршено, без разлика дали се направени од свежа или сушена пиперка. Иако изгледа едноставно да се наполнат пиперките со месо и ориз , постојат неколку трикови и чекори кои треба да се следат за да испаднат совршени секој пат.

Првото нешто што можете да го „надградите“ е сосот во кој се готват. Наместо да додавате вода, користете густин или вишок бистра супа од месо и зеленчук. Дополнително, исечкајте малку сланина, пропржете и додајте во сосот.

Доколку сте љубители на зачинета храна, слободно додадете малку лута пиперка. Сите овие додатоци ќе дадат посебна арома, а пиперките ќе бидат уште повкусни.

Advertisement

Како што пренесува „Панкуфер“, унгарските готвачи советуваат и да се зачува малку сланина за полнење и да се меша со смесата од месо и ориз.

Друг одличен додаток кој ќе им даде малку поинаков вкус на полнетите пиперки е маслото или намазот со вкус на лук – додадете една кафена лажичка во филот.

Advertisement